🎥 НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ НЕМОЈТЕ ДА ВАРИТЕ СУПА СО КОСКА Може да ви се случи нешто што ја натера оваа ТВ водителка да се скине од смеење
Една приказна од Полска е поучна и за нас, во Македонија. На 24 април и на 8 мај бидете спокојни и мирни. Резултатот од изборите мора да се прифати мирно и без преголема возбуда. И за секој случај, немојте да варите супа со коска во критичните денови. А еве и зошто...
Ова секако е непристојно однесување на водитеклката на вастите на полската телевизија ТВН24 – таа не смеела да си дозволи да се кине од смеење на веста на својот колега од теренот.
Но, кога ќе ја слушнете веста на репортерот Мариуш Сидоркевич, кој известува за тешките маки со кои се соочил еден несреќен човек во својот дом, после локалните избори, можеби ќе имате и вие разбирање за кикотењето на водителката.
А еве што се случило.
Неименувана госпоѓа, на возраст од 44 години, била приведена, бидејќи додека готвела, ја извадила коската од супата и со неа го претепала несречниот сопругот.
Пред тоа брачниот пар се расправал за резултатите од локалните избори.
Жестоката госпоѓа завршила зад решетки, а нејзиниот четири години постар сопруг во болница, со крвава глава.
Мртов сериозен, репортерот известува: „За денеска е закажан распитот на сопругата. Ја чекаат да се отрезни. А станот ќе се пребара, бидејќи во жарот на интервенцијата, полицијата некаде јас изгубила коската“.
Изгледа и полицијата била под шок од резултатот на локалните избори.
Која е поуката од овие избори за нас, во Македонија?
На 24 април и на 8 мај бидете спокојни и мирни. Резултатот од изборите мора да се прифати мирно и без преголема возбуда. И за секој случај, немојте да варите супа со коска во критичните денови.
Żona atakuje męża – powód do śmiechu
Mąż atakuje żonę – powód do narodowej dyskusji i zmian w Polskim prawie
TVN jak zwykle z rakiempic.twitter.com/XT8ySSvlKR
— PapJeż p0lak 🇻🇦🇵🇱 (@MurzynfrogXXX) April 9, 2024