НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ УБИЕНИ Орце Николов, Мирче Ацев и Страшо Пинџур загинаа од бугарска рака

Во 1943 година во Скопје, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција ги убила Страшо Пинџур и Мирче Ацев.

1,709

На пат кон Македонија, по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица, во 1942 година, минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор бил убиен Јордан Николов – Орце, народен херој на Македонија.

Во 1943 година во Скопје, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го убила Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бил член на КПЈ од 1934 годин. Роден бил во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.






Истата година на истиот ден во Скопје, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го фрлила низ прозорец Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Првиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го добил неговото име. Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.

Поврзани содржини