НА ДЕНЕШЕН ДЕН ИЗГОРЕЛА ЈОВАНКА ОРЛЕАНКА Приказна за девојката која стана светица и спасителка на Франција
Нејзиното најсериозно злосторство, според трибуналот, било нејзиното отфрлање на црковниот авторитет во корист на директна инспирација од Бога. Орлеанка одбила да ѝ се потчини на црквата. Таа е причината што Французите повторно добиле волја да војуваат и победиле во Стогодишната војна со Англија. Орлеанка е и светица во римокатоличката црква.
На денешен ден, 30 мај, во 1431 година, во француското место Руан кое тогаш било под англиска контрола, спалена е Јованка Орлеанка, 19-годишната селанка која стана спасителка на Франција. Била родена во 1412 година, како ќерка на земјоделец, во време на Стогодишната војна меѓу Англија и Франција.
Кога имала 16 години Јованка почнала да ги слуша гласовите на три христијански светци, свети Михаил, света Катерина и Света Маргарет. Гласовите ја поттикнале да му помогне на францускиот претолонаследник Чарлс да го заземе својот трон. За тоа да се случи требало да биде ослободен градот Ремс, каде се крунисуваат француските кралеви. Двапати била во гарнизонот за да ја примат како војник, а носела машка облека.
Чарлс ѝ дал мал војска на Јованка, а таа тргнала кон Орлеанс. Бодрејќи ја француската војска таа предводела низ неверојатни победи над Англичаните. Ослободен бил и Ремс, а Чарлс бил конечно крунисан. Јованка стоела во близина на крунисувањето држејќи слика од Христос.
Под водство на Јованка и наплив на волја, Французите за малку и ќе го врателе Париз истата година. Но, набрзо, Бургундијците ја заробиле, ја предале на Англичаните а тие ја осудиле за ерес. Нејзиното најсериозно злосторство, според трибуналот, било нејзиното отфрлање на црковниот авторитет во корист на директна инспирација од Бога. Орлеанка одбила да ѝ се потчини на црквата.
Ѝ наредиле да облече женска облека, таа послушала, но неколку дена подоцна судиите отишле во нејзината ќелија и ја нашле повторно облечена во машка облека. Испрашана, таа им рекла дека Света Катерина и Света Маргарет ја прекорувале што ѝ се предала на црквата против нивна волја.
Јованка е можеби најголемата инспирација поради која Французите успеале да победат во Стогодишната војна. Во 1453 година, тие ја вратиле скоро целата своја територија. За споредба, истата година Османлиите го освоиле Константинопол.
Во 1920 година римокатоличката црква ја прогласила Јованка Орлеанка за светица, а денешниот ден, 30 мај е денот кога се празнува.