НА ДЕНЕШЕН ДЕН ГАВРИЛО ПРИНЦИП ГО ЗАПАЛИ БУРЕТО БАРУТ Убиството на Франц Фердинанд ја започна Првата светска војна
Принцип стоел во близина на кафеаната на Мориц Шилер кога го забележал автомобилот минувајќи покрај него. Откако станале свесни за грешката, возачот ја запрел колата и почнал да се враќа назад. При ова имало застој на моторот, со што Принцип ја добил својата шанса. Една анегдота вели дека Франц Фердинанд отишол во кафаната затоа што не бил појадуван и со својот четврт бурек во устата го забележал возилото, па морал да го остави или фрли бурекот на страна.
„Јас сум југословенски националист со цел обединување на сите Југословени, не ми е важно во каков вид на држава, но таа мора да биде ослободена од Австрија.”
Вака изјавил Гаврило Принцип, човекот кој на денешен ден го запали балканското буре барут, убивајќи го австроунгарскиот принц Франц Фердинанд со што започнала Првата светска војна. Било Видовден во Босна, а по убиството Принцип посакал да се самоубие со цијанид. Таблетата имала поминат рок, па Гаврило пробал да пука во себе, но му го одзеле пиштолот.
Моштите биле вратени во Сараево
Имал само 19 години, бил премлад да лежи смртна казна. Според австроунгарските закони за тоа тој требало да има барем 20. Затоа, добил 20 години затвор.
Кој го натера Принцип да го изврши атентатот и дали младото момче беше манипулирно од националистичката организација „Млада Босна“? Можеби нема никогаш да дознаеме на чисто.
Во затворот, Принцип починал од туберкулоза и изгладнетост само четири години подоцна. Стравувајќи дека неговите коски можат да станат мошти за словенски националисти, затворските чувари на Принцип тајно го однеле телото до необележан гроб, но чешки војник кој бил на погребувањето ја запаметил локацијата и во 1920 година Принцип и други „Херои на Видовден” биле откопани и донесени во Сараево, каде што биле погребани заедно под капела “„изградена за да се одбележат за вечност нашите српски херои” во гробницата на Св. Марко.
На 28 јуни 1914 година Гаврило Принцип го уби Франц Фердинанд што беше последната капка во тензична Европа, која ја прелеа чашата за да започне Првата светска војна.
На 28 јуни 1919 година по точно 5 години, потпишан е Версајскиот мировен договор со што војната формално заврши. pic.twitter.com/Ug1Cks9Gl1— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) June 28, 2022
Шест атентатори бркале две коли
Всушност, шест атентатори пробале да го убијат Фердинанд истиот ден за на крајот тоа да го стори Принцип. Кога принцот заедно со сопругата Софи пристигнале утрината пред 10 часот тие дошле со воз, а потоа со два автомобили се упатиле кон Сараево. Првиот атентатор, Мухамед Мехмедбашич, го фатило трема пред австроунгарската банка, па дозволил автомобилот да помине.
Петнаесет минути подоцна, 19-годишниот Недељко Чабринович фрлил гасна бомба, но таа експлодирала 10 секунди подоцна и го фатила само второто возило, кое било сериозно опожарено. Двајца астриски грофови внатре биле повредени. Тогаш се насобрал народ, па станало невозможно другите атентатори да продолжат со нападите. Чабринович проголат цијанидна таблета и се фрлил во реката Миљацка, но табелата немала ефект, а реката била длабока само 10 сантиметри. Полицијата го извлекла и привела надвор од реката.
Гледајќи го тоа, Франц Фердинанд решил одлучил да отиде во болницата и да ги посети жртвите од нападот на Чабринович. Со цел да го избегне центарот на градот, генералот Оскар Почорек одлучил дека кралскиот автомобил треба да отиде директно по Апелскиот кеј до болницата на Сараево. Сепак, Почорек заборавил да го информира возачот Леополд Лојка за оваа одлука. На патот кон болницата Лојка продолжил десно кон улицата Франц Јозеф.
Бурекот и шансата на Принцип
Принцип стоел во близина на кафеаната на Мориц Шилер кога го забележал автомобилот минувајќи покрај него. Откако станале свесни за грешката, возачот ја запрел колата и почнал да се враќа назад. При ова имало застој на моторот, со што Принцип ја добил својата шанса. Принцип зачекорил напред, го извадил својот пиштол FN Model 1910 и на оддалеченост од околу 1,5 метри пукал двапати во автомобилот, прво погодувајќи го Франц Фердинанд во вратот, а потоа погодувајќи ја неговата сопруга Софи во стомакот, откако таа го покрила неговото тело. И двајцата починале пред 11:00 часот.
Една анегдота вели дека Франц Фердинанд отишол во кафаната затоа што не бил појадуван и со својот четврт бурек во устата го забележал возилото, па морал да го остави или фрли бурекот на страна.