НАЈЧУДНИТЕ ПАРИЧНИ КАЗНИ ВО ДУБАИ И ЕМИРАТИТЕ Не пцуј, не озборувај, не допирај туѓ телефон, чисти ја колата …

За покажување среден прст во Дубаи, сигурно ќе ве депортираат. Не се мали ни казните за јадење во автобус, за пцуење во јавност или на отворено, па дури и за озборување. Ако автомибилот ви е валкан и не го одржувате, казната е околу 750 евра. Сепак, ОАЕ се чиста земја.

228

Обединетите Арапски Емирати и нивниот најголем град Дубаи, се посебни по многу нешта, a тоа што е најчудно е дека лесно може да завршите в затвор и тоа поради највообичаените работи. Не озборувајте, не допирајте туѓ телефон, не јадете во автобус или во метро … Еве некои од бизарните, но строги правила во оваа држава.

Не пцујте во јавност и на социјалните мрежи!






Пцуењето е строго забрането во ОАЕ, а англискиот збор „f**k“ се смета за срам за честа на која било личност. И на интернет, исто така, користењето псовки и испраќањето „незаконски“ безобразни сликички (на пр., на Фејсбук, Ватсап итн.) се казнува со парична сума до 250.000 дирхами (60.000 евра), co затвор или протерување од земјата.

За покажување среден прст, на пример, сигурно ќе ве депортираат.

Не допирајте туѓ телефон!

Во оваа земја, упадот во туѓата приватност е строго казнив. Ова, особено ако сте зеле нечиј телефон без согласност на тоа лице. Може да завршите в затвор најмалку шест месеци и да добиете парична казна од 100.000 до 500.000 дирхами (приближно 24.000 – 120.000 евра). Исто така, забрането е фотографирање некого без негова дозвола, а тоа важи и при сообраќајна несреќа.

Грижете се за Вашиот автомобил!

Жителите на ОАЕ се грижат за угледот на својата земја, што е сосема коректно. Затоа, може да бидете казнети и за валкан автомобил, но и за негово „неправилно миење“.

Се смета дека валканите автомобили го нарушуваат „имиџот и здравјето на градот“. Казната за тоа е до 3.000 дирхами (околу 750 евра).

Не озборувај!

Едно од, можеби, најбизарните правила се однесува на ширењето гласини. Сè што личи на тоа, а особено оние озборувања на социјалните мрежи, може да Ве чини три години затвор и парична казна до дури милион дирхами или близу 250.000 евра.

Арапите казнувањето за овој „срамен чин“ го опишуваат како спречување на нарушувањето на јавниот ред и мир, но и загрозувањето на националниот мир.

Не јади во јавниот превоз!

Посетителите на ОАЕ треба да внимаваат и на употребата на храна и пијалаци во јавниот превоз. Ако посегнете по храна во кој било облик во јавниот превоз, на станица или на пешачки премин, казната е 100 дирхами (24 евра).

Исто така, обрнете посебно внимание на афионот. Во Обединетите Арапски Емирати, тоа се смета за опиум и е забранета супстанција. За поседување афион следи затворска казна.

Поврзани содржини