НА 36 ГОДИНИ ЌЕ СТАНЕ БАБА И ЌЕ ГО РОДИ 12-ТОТО ДЕТЕ Се разведува и чека дете и внуче
Триесет и шестгодишната Вероника Мерит ќе стане баба во јуни, само два месеци откако ќе го роди своето 12-то дете
Контроверзната ѕвезда на ТикТок, Вероника Мерит е позната по тоа што веќе има 11 деца и сега е повторно бремена. Во ноември таа со ентузијазам објави видео во кое на своите следбеници им ја соопшти новата среќна вест – ќе стане баба.
„Имаме неколку возбудливи вести да споделиме“, рече 36-годишната жена, откривајќи дека нејзиното најстаро дете, ќерката Викторија, ќе роди бебе во јуни. Ова значи дека 12-тото дете на Мерит, кое треба да се роди во април, ќе биде само два месеци постаро од нејзиниот внук или внука.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.