НА 32 ГОДИНИ ИМА ДУРИ 12 ДЕЦА Седум години и четири месеци од животот била бремена
Бритни Чрч го родила своето прво дете шест дена откако го прославила својот 16-ти роденден. И оттогаш не застанала.
Американката Бритни Чрч го родила своето прво дете шест дена по својот 16-ти роденден. И оттогаш не застанала. Со првиот сопруг добила уште четири деца, а во 2010. година се развеле. По разводот била претпазлива, но во 2012 година неочекувано забременила. Таа поминала три години сама одгледувајќи шест деца, се до 2014. година кога го запознала сегашниот сопруг Крис, со кој имала уште шест деца. Пред две години родила тројки, а пред една година најмалото дете. Таа поминала вкупно 88 месеци бремена или седум години и четири месеци од животот.
„Не уживам толку во бременоста, но би го направила тоа повторно кога би требало. Многу ги сакам своите деца“, изјавила таа.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.