МУСКЕТАРИТЕ НА ПУТИН ГО СОБИРААТ И НЕГОВИОТ ИЗМЕТ Детали за телохранителите кои ќе го придружуваат во Алјаска

Собирањето на изметот на Путин се прави за да се спречи странските служби да го анализираат неговото здравје.

3,997

Група супериздржливи телохранители наречени „мушкетири“, во превод мускетари, ќе го придружува рускиот претседател Владимир Путин на претстојната средба со американскиот претседател во Енкориџ во Алјаска за негова максимална безбедност.

На социјалните мрежи веќе се појави снимка од огромниот конвој црни возила во кој е лимузината во која Путин. Конвојот минува низ затворени патишта за да стигне на самитот. По конвојот следува нешто што изгледа како амбулантно возило.






Куферчиња за измет и балистички куферчиња

Додека се знае малку за оваа специјална единица тренирана да издржи најтешки психолошки услови, постои и еден бизарен детал. Според Бизнис Инсајдер и Економист, мушкетирите со себе носат и куфери во кои ги собираат изметот на Путин и неговата урина за подоцнежно испитување.

Ова се прави за да се спречи странските служби да го анализираат неговото здравје.

Францускиот магазин „Paris Match“ објави дека ова се применува уште од најраните години од владеењето на Путин.

Мушкетирите се дел од ФСО, Федералната служба за заштита на претседателот. Се облекуваат во идентични темни одела, вратоврски и очила за сонце, без оглед на временските услови.

 

Освен куферот со биолошкиот материјал, носат и балистички чадори, најверојатно составени од комбинации на кевлар, ултрависокомолекуларен полиетилен, и титаниумска рамка. Овие материјали се идентични со оние користени за изработка на балистички чадори и штитови.

Мушкетирите се избираат според својата психолошка издржливост. Тие мора да покажат екстремна физичка и ментална отпорност. Според некои извори, користат лекови за да ги контролираат потта и физиолошките функции на телото.

Трите обрачи околу Путин

Телохранителите се организирани во кругови. Првиот обрач најблиску до Путин е составен од машки во темни одела, очила и слушалки кои носат куфери-штитови кои можат да се распакуваат како балистички блокови при истрели.

Зад нив, следуваат телохранители во цивилна облека – суптилни, избалансирани. Тие треба да вооочат ако има  потенцијални закани. Третиот и четвртиот круг се надворешни чувари и снајперисти поставени на покриви за да ја обезбедат околината во поширок радиус, но и да ја спречат евентуално брзо бегство на евентуалниот напаѓач.

Мушкетирите користат опрема за електронско нарушување, пиштоли SR‑1 „Вектор“ и други специјални средства за заштита, со цел да ја обезбедат максималната можна безбедност на Путин.

„Калашникови“ во конвојот

Пред претседателот да отпатува каде било, агентите го разгледуваат местото месеци однапред. Инсталираат уреди за блокирање за да спречат детонирање на бомби од далечина, додека техничарите користат дигитална опрема за спроведување електронски надзор.

Се смета и дека возилата со блиндирани стакла и тешки оклопи од конвојот во кој патува Путин се полни со војници од специјалните сили вооружени со неверојатен арсенал од автоматски пушки АК-47 и противтенковски фрлачи на гранати.

 

Поврзани содржини