МУ ПРОГНОЗИРАЛЕ ДЕКА НЕМА ДА ОДИ, ДЕНЕС Е ПРОФЕСИОНАЛЕН ФУДБАЛЕР Деца кои ѝ кажале НЕ на церебралната парализа
Поликлиниката Проф.д-р.сц. Милена Стојчевиќ Половина е здравствена установа во Загреб која е тесно специјализирана за рехабилитација на деца. Според нашиот соговорник д-р Светислав Половина особеноста на нивната работа е во тоа што секогаш тргнуваат од претпоставката дека секое дете, без разлика на степенот на оштетување, може да биде здраво.
Во поликлиниката „Проф.д-р.сц. Милена Стојчевиќ Половина“ во Загреб и Задар (Хрватска) и во Словенска Бистрица (Словенија), се рехабилитираат деца со различни развојни проблеми: неуроризични деца, деца со церебрална парализа, ретки болести, болести на ’рбетот, парализа на брахијален плексус, но и деца со други развојни проблеми.
Нашиот соговорник, доктор Светислав Половина е директор на оваа поликлиника која е позната ширум регионот и во Европа, токму по својот метод на работа развиен од проф. Милена Стојчевиќ Половина која е еден од клучните експерти одговорни за развојот на детската рехабилитација во оваа област.
Со текот на годините, проф. Милена Стојчевиќ Половина која со детска рехабилитација почнала да се занимава во 70-тите години на минатиот век, се борела со многу ставови кои сега, децении подоцна, се речиси општоприфатени. Таа забележала дека добар исход на рехабилитацијата може да се постигне само со голем интензитет на терапијата.
„Со оглед на тоа што не постои земја во светот која може да плати професионалци да работат со дете со таков интензитет, како очигледно решение се наметнале заинтересираните родители. Да речеме дека е ова еден од ставовите со кои некогаш жестоко им се спротивставувала на другите експерти кои веруваа дека родителот треба да биде само родител, а не физиотерапевт. Денес, речиси сите родители очекуваат да бидат научени што да прават со своето дете. Исто така, не постои друг метод, барем според нашите сознанија, што застапува толку висок интензитет на работа со детето како нашиот.
Она околу што често се кршеле копјата и сè уште се кршат, е дали треба да се следи развојот на детето за време на рехабилитацијата. Мислењата често се менуваа, но во нашата работа ние строго (со индивидуално приспособување) се придржуваме до нормалниот развој на детето без оглед на хронолошката возраст, бидејќи на тој начин постигнуваме најдобри резултати. И конечно, поважно од тоа кога некој ќе прооди е како ќе прооди бидејќи ефектите од квалитетот на одењето влијаат на поединецот низ целиот живот; времето на проодување значително помалку“, ни објасни д-р Половина.
Нивниот пристап во речиси сите случаи се состои во обид да постигнат целосно здравје, а не најмала можна попреченост. Се разбира, веројатноста за успех зависи од голем број фактори, но статистиката никогаш не смее да се замени со поединецот. Затоа што ако веројатноста за закрепнување е 5%, тие веруваат дека нивна должност е на секое дете да му дадат можност токму тоа да биде во тие 5%.
И затоа во историјата на оваа поликлиника се запишани неверојатни приказни за деца чии прогнози биле дека нема никогаш самостојно да одат, а тие не смо што одат, туку се професионални фудбалери, лизгачи или едноставно, деца кои можат да живеат како и нивните врсници.
Прочитајте го целото интервју на порталот „Мајка и дете“.