МУ ГО ЗАТВОРИЈА РЕСТОРАНОТ, КУСТУРИЦА ГО ОБВИНУВА ВУЧИЌ Познатиот режисер направил даночни пропусти?
Но, исто така, познатиот режисер коментираше и за пишувањето на „Вечерње новости“, за статијата со наслов: „АУ, КАКВА ГАДОСТ! Кустурица е фатен како не плаќа даноци, а Вучиќ и Мали го обвинуваат за тоа“.
Ресторанот „Висконти“ на познатиот режисер Емир Кустурица беше ненадејно затворен од инспекцисите служби во Ужице во Србија.
„ Ова е наградата од (српскиот претседател) Александар Вучиќ и од Синиша Мали за најдобро село во светот, барем според стандардите на УНЕСКО“, кратко коментираше режисерот.
Српските медиуми се поделени во известувањето за случајот со Кустурица. Дел од нив, меѓу кои и српски „Данас“, коментира дека некогаш бескрајно фалените Емир Кустурица и тенискиот ас Новак Ѓоковиќ сега наводно станале главни непријатели на државата, само затоа што ги поддржувале студентските протести против власта.
Исто така, Кустурица коментираше за пишувањето на „Вечерње новости“, за статијата со наслов: „АУ, КАКВА ГАДОСТ! Кустурица е фатен како не плаќа даноци, а Вучиќ и Мали го обвинуваат за тоа“.
Режисерот се огласи велејќи:
„По статијата во ‘Новости’, каде моето име се поврзува со скандалот поради кршење на даночните правила и поврзаното затворање на ресторанот „Висконти“, морам да изразам длабока благодарност до властите на Александар Вучиќ што ме вклучија меѓу граѓаните кои се одговорни пред законот. Бидејќи сме сведоци дека законите не се применуваат многу често, сега на мене е редот да бидам на оваа посреќна страна“.
Што кажа даночниот инспектор од Ужице во извештајот за увидот во ресторанот?
„Земајќи ги предвид фактите наведени во записникот од даночната контрола за евидентирање на прометот преку електронски фискален апарат и работно ангажирање на вработените, ве известуваме дека е утврдена неправилност за која е предвидена мерка привремена забрана за вршење дејност, која ќе се спроведе на 25.07.2025 година“.
Кустурица во последно време е во српските медиуми, а на телевизијата Иноформер, тој од Драган Ј. Вуќичевиќ беше обвинет дека е дел од „обоена револуција“ поради тоа што побарал ослободување на притворените учесници на протестот во Ужице.
Кустурица минатата година се спротивстави на плановите на српската влада да копа литиум велејќи дека „е подготвен да го изгуби животот во борбата против оние што ја уништуваат животната средина“.