📷 МУ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА БЕСКРАЈНОТО „СКРОЛАЊЕ“ Инстаграм ќе воведе задолжителни реклами
„Ад брејкс“ е нов начин за прикажување реклами на Инстаграм. Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите да ја гледате содржината“, стои во описот на оваа функција.
Компанијата „Мета“ започна со тестирање на функцијата наречена „Ад брејк“ (Ad Break). Ќе воведе реклами кои не се прескокнуваат, со времетраење од 3-5 секунди, објави Тек тајмс.
„Ад брејкс“ е нов начин за прикажување реклами на Инстаграм. Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите да ја гледате содржината“, стои во описот на оваа функција.
Иако технолошките фирми како „Мета“ долго време се потпираат на рекламите како главен извор на приходи, неизбежните реклами се контроверзна „услуга“ за многу корисници.
Последните напори на Инстаграм предизвикаа критики на социјалните мрежи како „Редит“ и „Икс“.
„Наскоро (задолжителни реклами) доаѓаат на сите платформи. Ова ќе ми биде последната капка кога станува збор за Инстаграм. Можев да се справам со еден куп реклами расфрлани низ апликацијата, но задолжителни реклами?“, е еден од многуте коментари на корисниците.
Функцијата „Ад брејкс“ се чини дека е достапна за мал број корисници во моментов, а Инстаграм тестира како луѓето реагираат на новиот формат на реклами.
Еден корисник на платформата „Редит“ ја забележал функцијата при „скролање“ низ приказни и објави. По одредено време „скролање“, Инстаграм го спречил да продолжи додека не погледне реклама, објави Верџ.
NEW GARBAGE FEATURE IS BEING TESTED
byu/FireCubX inInstagram
Како што е прикажано на сликата од екранот, Инстаграм прикажува икона „пауза за реклами“ со тајмер за одбројување што покажува уште колку долго не можете повторно да започнете со „скролање“.
Сѐ уште нема официјална потврда од компанијата кога (или дали) задолжителните реклами ќе бидат објавени на Инстаграм во поголем обем.