МУ ДАДОВTЕ НА ДЕТЕТО МОБИЛЕН ЗА ДА СЕ СМИРИ? Психолозите откриваат зошто е тоа опасно
Кога им го одвлекуваме вниманието на децата наместо да им помогнеме да ги надминат проблематичните ситуации, им ја одземаме можноста да научат да ги регулираат сопствените емоции, што на крајот може да предизвика сериозни последици како депресија, анксиозност или други емоционални тешкотии.
Денес сѐ почесто се зборува за поимот екранизам и детската зависност од екраните уште од најмала возраст. Родителите често прибегнуваат кон смирување на детето со мобилен телефон или некој друг екран кога е вознемирено, има напад на бес или едноставно му треба време на родителот да направи нешто друго без да го вклучи детето.
Како што објаснуваат експертите, оваа навика е исклучително штетна и има сериозни последици и по физичкото и по психичкото здравје на детето, пренесува Very Well Family.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.