МРЕЖАТА „Х“, ПОРАНЕШЕН ТВИТЕР, ЌЕ НАПЛАЌА ПРЕТПЛАТА ЗА СИТЕ КОРИСНИЦИ Тоа е начин да се победат ботовите, смета Илон Маск

Претплатата ќе го намали интересот на оние кои формираат групи лажни кориснички профили.

144

Сопственикот на социјалната мрежа Икс (X), порано позната како Твитер, Илон Маск изјави дека планира да наплати претплата за користење X на сите корисници, со цел да се бори со ботови.

Оваа идеја Маск ја претстави за време на опсежниот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.






Маск не кажал колку ќе ги чини корисниците на социјалната мрежа новиот план за претплата, ниту кои други функции ќе бидат вклучени во плаќањето. Тој рекол дека тоа ќе биде мала претплата.

Маск ја објаснил својата идеја како најефикасен начин за борба против системот на бот. Претплатата ќе го намали интересот на оние кои формираат такви групи на лажни кориснички профили. Тој, исто така, вели дека ќе биде покомплицирано за бот-компаниите, бидејќи ќе им биде тешко да најдат голем број различни банкарски картички кои ќе бидат потребни за плаќање.

Во моментов, X наплаќа само за сината верификувана значка, која Маск ја воведе кога ја презеде компанијата и таа претплата чини осум долари. Потврдените корисници имаат повеќе бенефиции од обичните корисници, а од неодамна имаат и опција да ја сокријат својата верификација.

Извештаите исто така укажуваат дека имало разговори во компанијата за воведување наплата на секој што сака да има сметка на социјалната мрежа X.

Поврзани содржини