МОЖНО Е И ЧОВЕК ДА ГО ПРЕНЕЛ КОРОНАВИРУСОТ НА ЖИВОТНИТЕ Кина ги објави првите резултати од пазарот во Вухан

Кинеската влада силно ги отфрла сугестиите дека вирусот потекнува од научна установа, но ФБИ и американското Министерство за енергетика рекоеа дека во моментот го сметаат тоа сценарио за „најверојатно“.

765

Останува можноста човек да го донел коронавирусот на пазарот во градот Вухан во Кина, покажуваат наодите на кинеските научници. Тие конечно ги објавија резулатите од пазарот, три години по појавата на ковид-19, јавува Би-Би-Си. Наодите сепак, велат дека некои примероци од дивите животни кои се продаваат на овој пазар се заразени со коронавирусот. Потеклото пак, останува мистерија.

Новата анализа објавена во Nature дава детали за примероци собрани од тезгите на пазарот, од кафезите на животните, од други површини и опрема. Податоците биле собрани во 2020 година. Пазарот освен диви животни продава и морска храна.






Според истражувачите, најподложни на коронавирусот биле кучињата и ракуните. Сепак, тоа не кажува многу за потеклото на вирусот.

– Што е најважно, оваа многу важна база на податоци сега е објавена и достапна за другите да работат – изјави професорот Дејвид Робертсон од Универзитетот во Глазгов за Би-Би-Си.

Тој е виролог кој е вклучен во генетската студија за потеклото на САРС-КоВ-2 од нејзиното појавување во 2020 година. Тој додаде дека содржината на примероците е „убедлив доказ дека животните таму веројатно биле заразени со вирусот“.

– Сите докази се важни. Кога ќе го комбинирате тоа со фактот дека раните случаи на ковид-19 во Вухан беа поврзани со пазарот, тоа е силен доказ дека тука се случило пренесување (на вирусот) од животно на пазарот – вели Робертсон.

Кинеската влада силно ги отфрла сугестиите дека вирусот потекнува од научна установа, но ФБИ и американското Министерство за енергетика рекоеа дека во моментот го сметаат тоа сценарио за  „најверојатно“.

Водечкиот научник во новата студија е од кинескиот центар за контрола и превенција на болести во Пекинг.

СПОРЕД САД КОРОНАВИРУСОТ ПОТЕКНАЛ ОД КИНЕСКА ЛАБОРАТОРИЈА Светската здравствена организација побара објаснување за ваквите тврдења

 

Поврзани содржини