МОЖЕБИ НИЕ СМЕ МАРСОВЦИТЕ ИЛИ НИВНИ НАСЛЕДНИЦИ Брајан Кокс ги објаснува шансите да сретнеме вонземска цивилизација
Според Кокс „постојат два трилиони галаксии во универзумот што може да се набљудуваат, а сигурен сум дека има и други таму“. Сепак, тој сугерира дека интелигентниот живот може да биде далеку, неверојатно далеку од нас.
Можно е животот да почнал на Земјата, па да продолжил на Марс, или обратно. Бидејќи постојат супстанци и делови од Земјата кои денес ги има на Марс и обратно. Вака размислува познатиот професор Брајан Кокс во интервју на утринска емисија на Би-Би-Си. Неговата теорија, иако многу можна во доменот на астробиологијата, можеме да ја споредиме со онаа од филмот „Мисија на Марс“, каде астронаутите на црвената планета сфаќаат дека првите живи клетки навистина потекнуваат од Марс.
– Можеби ние сме Марсовците, само не го знаеме тоа – вели тој смеејќи се. – Не знаеме ни како тој живот дошол на Марс. Дали можеби преку астероид кој ги донел потребните состојки за живот? – додава тој, отворајќи ја можноста за т.н. панспермија.
Ова е стара загатка во астрономијата, пишува ИФЛ Наука. Се вика парадоксот на Ферми. Со оглед на големата веројатност животот да постои во вселената, зошто уште не сме имале никаков контакт?
Објаснувањата се движат од тоа дека големите експлозии на гама зраци често го бришат животот на други планети пред тој да стане интелигентен и да нѐ контактира, до фактот дека вонземјаните намерно не нѐ контактираат затоа што сакаат окупација или пак се плашат да не бидат откриени од некоја трета вонезмска цивилизација и самите да бидат освоени.
Според Кокс „постојат два трилиони галаксии во универзумот што може да се набљудуваат, а сигурен сум дека има и други таму“. Сепак, тој сугерира дека интелигентниот живот може да биде далеку, неверојатно далеку од нас.
– Можете да тврдите, само гледајќи ја биологијата и историјата на животот на Земјата, дека цивилизациите би можеле да бидат исклучително ретки. Може да има во просек една цивилизација по галаксија, или по неколку – вели тој и додава:
– Само потсетете се дека Земјата е единственото место со збирки од атоми кои можат да размислуваат и да градат цивилизација.
Иако Кокс сугерира дека интелигентниот живот можеби е редок, тој верува дека микробиолошкиот живот може да биде изобилен, исто како што е на Земјата веќе милијарди години.
– Ако ме принудивте да погодам, би рекол дека можеби има микроби насекаде, затоа бараме живот на Марс , на пример, но во однос на интелигенцијата, за една работа треба да се размислува, за потеклото на животот на Земјата. Изгледа дека имаме добри докази дека животот тука бил присутен пред 3,8 милијарди години и првата цивилизација што се појавила на Земјата била давај или земај, сега или никогаш – изјави тој за програмата.
– Значи, потребни се најмалку четири милијарди години за да се прејде од појава на животот на Земјата до реална, интелигентна цивилизација. За споредба, тоа е време одговара на една третина од староста на универзумот, а тоа е долг период, така што ова укажува дека микробите се вообичаени, но работите како нас може да се исклучително ретки.