МОЖЕБИ Е ГЛУПАВА, НО ДАЛИ СЛУЧАЈНО ПУКАШЕ ВО БОГОРОДИЦА СО ИСУС? Еве која е швајцарската политичарка Санија Амети

Во екот на жестоките критики на нејзина сметка, Амети поднесе оставка од лидерската позиција на Зелените либерали во Цирих. Дали тоа ќе означи и крај на политичката кариера на оваа жена, по потекло од БиХ и од Косово?

1,952

Се почна откако швајцарскиот дневен весник „Блик“ напиша сторија за фотографиите што Швајцарката Санија Амети самата ги објави на Инстаграм во неделата. Набрзо потоа 32-годишната политичарка по потекло од Босна и Херцеговина сама ги избриша фотографиите и напиша дека не била свесна што направила, па побара прошка.

Но, веќе беше доцна. Во екот на жестоките критики на нејзина сметка, Амети поднесе оставка од лидерската позиција на Зелените либерали во Цирих. Подмладокот на десничарската Швајцарска народна партија поднесе кривична пријава против неа за нарушување на слободата на вероисповед и богослужба.






И во нејзината партија размислуваат да ја исклучат од членство. „Според мислењето на раководството на партијата, натамошното членство на Санија Амети во Зелените либерали би ѝ наштетило на угледот на партијата. За да се спречи натамошна штета, партијата бара итно да се поведе постапка за исклучување“, соопштуваат од партијата.

„Апсолутно глупаво“

Инцидентот навидум бил банален. Санија Амети вежбала стрелање и си нашла мета – ја изрешетала сликата на Богородица со Исус. Станува збор за репродукцијата на сликата „Мадона и детето со архангел Михаил“ од 14 век, од Томас дел Мацо.

Санија во целта групирала три истрели во главата на Богородица и неколку истрели кон бебето Исус, што укажува на тоа дека била добар стрелец. „Не обрнав внимание на содржината на сликата“, тврди таа, објаснувајќи дека сликата ја добила од каталогот на аукциската куќа. На 20 септември таа слика треба да се продаде за најмалку 150.000 франци.

Санија Амети признава дека не било во ред што ја избрала оваа слика и додава дека нејзината постапка била „апсолутно глупава“.

Тоа е таа „постмодерна Швајцарија“

Но, која е Санија Амети? И дали овој инцидент е сосема случаен?

Во нејзината биографија пишува дека е родена во Босна во 1992 година и дека со родителите побегнала во Швајцарија во 1995 година. За себе вели дека е посветена на уредни и стабилни односи меѓу Швајцарија и ЕУ.

„Мојата визија за постмодерна Швајцарија е прогресивна, иновативна и социјално либерална“, вели Амети на нејзиниот профил на Либералната зелена партија.

Од мај 2022 година, таа е општинска советничка на градот Цирих и ги претставува градските области 4 и 5. Минатата година се кандидирала за Кантоналниот совет во Цирих, но не поминала.

Кампањата ја започнала во Приштина на 1 август. На аеродромот во Приштина бил поставен голем билборд со нејзината фотографија. Медиумите тогаш објавија дека таа сакала да го привлече вниманието на нејзиното двојно швајцарско-косовско државјанство.

Косово во срцето

Зајакнувајќи ги врските со Косово, минатата година Санија Амети носела маскирна униформа на швајцарската армија на форум во Берн, а на прашањето која е таа, одговорила дека му припаѓа на Исљамаи – млад човек, чии родители побегнале во Швајцарија од Косово.

Во интервју за „Тагес Анцигер“ Санија се пожалила на Швајцарија, каде, како што изјавила, нејзините родители избегале од Косово – во 1995 година.

Но, нејзините критики за швајцарскиот систем не останале без одговор.

„Ако Санија Амети пораснеше во Косово наместо во Швајцарија, можеби немаше да ѝ беше дозволено да оди на факултет на сметка на даночните обврзници и немаше да ѝ беше дозволено да студира право. А можеби и нема да смеела сама да си го избере сопругот“, беше една од неумерените критиките искажани во медиумите.

Во одбрана на муслиманската кауза

Од кај и да дошла, од БиХ или од Косово, Санија Амети е во Швајцарија е од својата тригодишна возраст. Татко ѝ пред војната бил професор по биологија и политичар во тогашната СФРЈ.

Дипломирала во 2011 година во Кантоналната школа во Цирих, а потоа дипломирала право на Универзитетот во овој град, работејќи на тема сајбер-безбедност.

Таа досега се истакнувала со своите цврсти ставови за прашањето на Русија, како и за различни швајцарски закони. Била остро против за одлуката на граѓаните на референдумот во 2021 година, муслиманките да не го покриваат лицето во јавност. Одлуката за забрана беше изгласана со 51,2 отсто за и 48,8 отсто против.

Претставена како членка на швајцарската муслиманска заедница, Амети тогаш изјави за Би-Би-Си дека тоа е навредлива кампања против муслиманите.

Против законот за борба против тероризмот

Санија Амети се спротивстави и на усвојувањето на законот за борба против тероризмот во Швајцарија.

„Тоа е закон кој ги крши основните човекови права“, рече таа во 2021 година.

Инаку, Амети стана политички активна непосредно пред почетокот на корона-вирусот. Таа во 2019 година стана член на извршниот комитет на Младата зелена либерална партија на Швајцарија, а од следната година член на партиското раководство на оваа партија за Кантонот Цирих.

Од октомври 2020 година, тго презема копретседателството на политичкото движење „Операција Либеро“ од Лора Цимерман.

Останува да се види дали овој тежок инцидент ќе значи и крај на нејзината политичка кариера.

 

Поврзани содржини