МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ФАРБА КОСАТА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА? Што велат истражувањата и експертите на оваа тема

Иако нема научно утврдена причина зошто да престанете да ја фарбате косата за време на бременоста, експертите советуваат да почекате со фарбањето до 13 недела од бременоста, кога ризикот хемиските материи да му наштетат на детето е многу помал.

126

Многу трудници се прашуваат дали е безбедно да ја фарбаат косата за време на бременоста. Според Националната здравствена служба на Велика Британија, повеќето истражувања, иако ограничени, покажуваат дека тоа е безбедно.

Безбедно е и фарбањето на косата додека доите, велат тие. Многу малку од хемикалиите што се користат во бојата на косата влегуваат во вашиот крвоток, па затоа е малку веројатно дека значителна количина ќе се пренесе со мајчиното млеко, пренесува The Sun.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини