МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ… Дали татковците се родители?

Честопати, поради сето она што сме го научиле од нашите мајки и баби, ние жените тежнееме да се наметнуваме и да преземаме работи кои во општеството се означени како „женски“ и на тој начин оставаме малку простор за татковците. „Дај ми, ќе го направам тоа побрзо / подобро / полесно“ сакав да кажам секој пат кога мојот сопруг ќе му ја облечеше пелената наопаку ...

241

Во Здравствен дом не прозива докторката и додава „може да влезе само еден родител“, на што мојот сопруг со носилка во која е нашето едномесечно бебе влегува во ординацијата.
„Но, само еден родител може“, повторува докторката, додека мојот сопруг ја затвора вратата од ординацијата, кимнувајќи со главата за да покаже дека ги разбира упатствата. Па, и тој е родител, нели?

Лошата звучна изолација ми дозволува да го слушнам разговорот кој продолжува во ординацијата, меѓу другото, прашањето на докторката „а дали сте сигурен дека нема да ја пуштите мајката да влезе? „Мајката знае подобро“. А можеби мајките навистина знаат подобро, но тоа не значи дека секогаш и сè треба да прават тие.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини