📽 „МОЖАТ ДА ГАЃААТ БРОДОВИ ОД ВСЕЛЕНАТА“ Кинезите симулираа напад врз САД со сателит и хиперсонична ракета
При симулацијата на нападот, на кинеските проектили им помагале неколку сателити за електронско војување сместени во ниска орбита.
Кинеска истражувачка лабораторија симулираше напад на американски воени бродови со вселенско оружје и хиперсонични ракети. „Кинеската народна армија може да користи вселенско оружје за да гаѓа воени бродови“, пишува медиумот „Wion“ за вежбата во ТВ-прилог.
Симулацијата била изведена во југозападниот град Ченгду под надзор на научникот Лиу Шичанг, од Лабораторијата за наука и технологија за управување со електронски информации.
Центарот развива опрема за електронско војување за Народната ослободителна армија (ПЛА), спонзорирана од државната Чајна Електроникс Технолоџи Груп Корпорејшн (China Electronics Technology Group Corporation).
Во симулацијата на нападот, која ја објави хонгконгскиот весник „Саут Чајна Морнинг пост“, на кинеските проектили им помагала плејада сателити за електронско војување сместени во ниска орбита.
Лансирана од далечина од 1.200 километри, батеријата на хиперсонични противбродски ракети прелета повеќе од 200 километри без да биде откриена од американските носачи на авиони до десет минути по лансирањето или само 50 километри.
China lab simulates attack on US warships
Lab works on electronic warfare equipment for China’s PLA@aditi_dv tells you more
Watch more on https://t.co/AXC5qRuO3J pic.twitter.com/DctAtmt4h4
— WION (@WIONews) January 20, 2024
Со откривање на радарските сигнали што ги емитираат американските воени бродови, сателитите всушност лансираа слични сигнали со висока моќност, спречувајќи го ехото генерирано од потенцијалниот одраз на радарските бранови од проектилите да се разликуваат.
Врз основа на досега спроведените студии, истражувачите предводени од Лиу веруваат дека два или три сателити би биле доволни за напад на група носачи на авиони, додека соѕвездието од само 28 сателити би можело да поддржи глобален напад.
Понатаму, предноста на користењето вселенски платформи во операциите од овој тип е тоа што тие немаат ограничувања – тие можат да работат надвор од националните граници и можат брзо да се мобилизираат низ светот, покривајќи поширок борбен радиус.