МОТОРЏИКА ОД ‘РЖАНИЧИНO И БИТОЛЧАНЕЦ ПОЗНАТ ПО МОЦАРЕЛА МОНТЕ КРИСТО Партнери во „злочинот“ наречен бурата
Моторџика од Аеродром, шампионка во покер и одгледувачка на крави, од неодамна во деловно партнерство со битолчанец кој е еден од петмина на светот кој знае да направи вистинска сицилијанска бурата од која, кога ќе ја вкусиш, ти доаѓа да заиграш. Тоа се нашите двајца интересни соговорници во денешната вкусна приказна за буратата направена рачно од почеток до крај, од млеко од крави одгледувани во скопско ‘Ржаничинo.
Зорица Димовска Елсаaди е скопјанка која од населба Аеродром пред 23 години се преселила со семејството во скопското село ‘Ржаничинo. Се доселила против своја волја, но набргу сфатила дека е тоа она што им треба на нејзините родители, неа и на нејзината помала сестра Теодора која има церебрална парализа.
Животот на Зорица е одлична тема за книга, но ако сакаме да ја раскажеме нејзината приказна накусо, ќе кажеме дека кога татко ѝ решил од скопски Аеродром да се преселат во село ‘Ржаничинo, му била лута.
Потоа извесен период работела во казино во Замбија кадешто се запознала со нејзиниот сопруг Билал Елсаади, инаку Палестинец кој наскоро треба да дојде во Македонија.
Од 2014.година чува крави, произведува сирење и одгледува зеленчук за нивни потреби, млекото го продава и се грижи за нејзината мајка која има преживеано мозочен удар и за помладата сестра Теодора поради која најмногу и се вратила од Замбија.
Целата приказна за Зорица, Владо, за кравите, моторите, покерот, сирењето и буратата, ќе ја најдете на порталот „Арт кујна“.