МОНИТОРИ ЗА БЕБИЊА: ДА ИЛИ НЕ? Понекогаш дава чувство на поврзаност и сигурност, но може да биде и мета на хакери

Во продолжение прочитајте кои се предностите и недостатоците на детските монитори

46

Многу родители на мали деца ги сметаат детските монитори за неопходен уред. Има многу причини за тоа, а една од најважните е што едноставно не е возможно да внимавате на бебето цело време, па уредот кој ви овозможува да го гледате и слушате вашето бебе кога не сте во собата со него вреди злато.

Сепак, не се сите детски монитори исти, а родителите имаат различни потреби и начин на живот. Verywellfamily се обрати до експерти и искусни родители со цел да им помогне да разберат што да бараат при изборот на монитор за бебиња, кои се предностите и недостатоците на уредот и кои се најбезбедните и најефикасните начини за нивно користење.






Како да изберете монитор за бебиња?

Постојат неколку различни типови на монитори за бебиња на пазарот. Рик Левитон, советник за заштита на децата во Precious Baby Protectors, објаснува дека има некои клучни карактеристики кои родителите треба да ги земат предвид при изборот на монитор.

Видео или аудио монитор? Повеќето родители претпочитаат видео монитори кои ви дозволуваат да го слушате и гледате вашето бебе на екранот. Саманта Брендон, мајка на две деца, вели дека за неа бил најважен изборот на бебешки монитори со квалитетна слика која лесно може да се гледа навечер. Тоа го потврдиле и стручњаците, нагласувајќи дека светлата на детските монитори се плус за многу родители.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини