📽️ МОНА ЛИЗА „ТРПИ“ СУПА ПОРАДИ АКТИВИЗАМ Две девојки изведоа акробација

Во 2019 година, музејот соопшти дека инсталирал потранспарентен облик на стакло отпорно на куршуми. Три години подоцна, активист фрли торта на сликата, повикувајќи ги луѓето „да мислат на планетата Земја“.

608

Стаклената заштита на позната слика Мона Лиза во Лувр не дозволи супата која ја фрлија две француски еко активистки да го оштети платното. Снимката од вандализмот се прошири на социјалните мрежи.

На снимката каде се гледа портокаловата супа едната од девојките извикува:






– Што е поважно – уметност или правото на здрава, одржлива храна? Нашиот земјоделски систем е болен. Нашите фармери умираат на работа.

Не е првпат еко активисти да посегнат по ремек дела како дел од нивен перформанс. Исто така, самата Мона Лиза во 1950-тите била оштетена со киселина од посетител на музејот. Тоа е и причината поради која оттогаш ја чуваат под стакло.

Во 2019 година, музејот соопшти дека инсталирал потранспарентен облик на стакло отпорно на куршуми. Три години подоцна, активист фрли торта на сликата, повикувајќи ги луѓето „да мислат на планетата Земја“.

 

 

Поврзани содржини