МОЛДАВКАТА ОЛГА ЖИВЕЕ ВО СКОПЈЕ, ИМА 3 ДЕЦА И ИЗРАБОТУВА ИГРАЧКИ Научила македонски гледајќи со свекрвата „Величенствениот“
Олга Селивон живее во Македонија 11 години и со сопругот имаат две ќерки и син кој има Даунов синдров. За нив, како и за сите други деца, креативната Молдавка изработува рачно играчки и игри кои им помагаат на децата да развијат фина моторика и когнитивни вештини.
Олга Селивон е од Молдавија од каде што, слично како што то го прават и многу млади луѓе кај нас, заминала на брод. Тогаш судбината решил да ја спои со нејзиниот сопруг, Дејан од Скопје.
„Првпат се запознавме во 2005 година и работевме заедно на првиот крузер на кој работев „Карневал Спирит“. Но, тогаш само работевме заедно, а нашата љубовна приказна започна после три години, кога пак го сретнав на еден од бродовите на кои тогаш работев. После 3 години формиравме семејство, направивме скромн свадба без тапани и ора и ја добивме нашата прва ќерка“, раскажува нашата соговорничка Олга, која во Македонија живее веќе 11 години, но сѐ уште има симпатичен акцент по кој веднш се препознава нејзиното потекло.
Неа ја запознавме на предновогодишниот базар за ракотворби во хотел „Мериот“ и ни ја претставија како прекрасна и кретивна жена и мајка на три деца.
Таа изработува прекрасни играчки и игри кои им помагаат на децата да развијат фина моторика и когнитивни вештини кои се многу важни во развојот на мозочните невронски врски. Мислевме дека на ова ја поттикнало тоа што нејзиното синче Алексеј е родено со Даунов синдром, но таа ни откри дека со изработката почнала многу пред него, односно, уште за време на првата бременост.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.