МОЕТО ДЕТЕ НЕ САКА ДА ЧИТА! Чија е одговорноста за односот на децата кон читањето?

Како што детето нема да научи да скија на асфалт, така нема да засака да чита од мал седејќи пред екраните. Затоа, родители, повелете во книжарниците и библиотеките, а потоа сместете се удобно дома и читајте им на децата.

116

Моето дете не сака да скија!

Сте го носеле на планина?






Па, не баш многу.

Дали вие скијате?

Не многу.

Имате ли воопшто скии?

Немаме. Но, што ќе ни се ако не сака да скија!

Ако овој дијалог ви изгледа нелогичен, заменете го зборот скијање со читање, планина со библиотека/книжарница и скии со книга. Како ви звучи сега?

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини