МОДРИТЕ ПАТЛИЏАНИ ГО РЕГУЛИРААТ НИВОТО НА ХОЛЕСТЕРОЛ За што сѐ е добар омилениот зеленчук на вегетаријанците?

Модрите патлиџани можат да помогнат во превенцијата на остеопороза, да ги ублажат симптомите на анемија, да ги подобрат когнитивните функции и кардиоваскуларното здравје. Го штитат здравјето на дигестивниот систем, поттикнуваат губење на килограмите, помагаат подобро да се контролира дијабетесот, го регулираат нивото на стрес и можат да го намалат ризикот од рак.

27

Сезоната на модрите патлиџани кои е најдобро да се консумираат помеѓу август и октомври е при крајот, но се уште не е доцна да ги подготвите во некоја варијанта во која ќе можете да ги консумирате и во зимскиот период.






Веганската кујна ги препознава како одлична алтернатива за месо затоа што се добар извор на протеини и заслужуваат да бидат помеѓу нашите омилени намирници.

Модрите патлиџани можат да помогнат во превенција на остеопороза, да ги ублажат симптомите на анемија, да ги подобрат когнитивните функции и кардиоваскуларното здравје. Тие го штитат здравјето на дигестивниот систем, поттикнуваат губење на тежината, помагаат подобро да се контролира дијабетесот, го регулираат нивото на стрес и можат да го намалат ризикот од рак.

Одличните лековити својства на патлиџанот потекнуваат токму од неговата хранлива вредност. Модриот патлиџан содржи витамин Ц, К, Б6, тиамин, ниацин, магнезиум, фосфор, бакар, диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган, а содржи многу малку заситени масни киселини.

Модар патлиџан за здравјето на кардиоваскуларниот систем

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини