МОБИЛНИТЕ И СТЕРИЛИТЕТОТ Телефоните би можеле да бидат уште еден виновник за помал број на сперматозоиди

Откриена е можна врска помеѓу употребата на мобилни телефони и намалениот број на сперматозоиди кај младите мажи.

95

На глобално ниво, бројот на сперматозоиди кај мажите опаѓа веќе со децении, но иако научниците имаат многу хипотези, не се знае точно зошто. Нова швајцарска студија додаде уште еден потенцијален фактор на ризик, а тоа се мобилните телефони, пишува Дојче веле.

Откако ги анализирале примероците на сперма на повеќе од 2.800 млади мажи, швајцарските научници откриле врска помеѓу поголема фреквенција на користење на мобилни телефони и помала концентрација на сперма, се вели во студијата објавена во списанието Fertility and Sterility.






Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини