„ВАЛЦЕР ЗА ДИШЕЊЕ“ ПРОТИВ НЕСОНИЦАТА Медитацијата е ваш сојузник за подобар сон
Со една едноставна вежба можете побрзо да заспиете, а сонот да ви биде поквалитетен.
Вежбите на дишење и медитацијата се познати како ефикасен начин за опуштање на телото и враќање во сегашниот момент. Со оваа кратка и лесна медитација наречена „валцер за дишење“, ќе имате подобар сон и ќе го опуштите целото тело.
Тоа е прекрасна медитација која ќе ви помогне да се смирите вечерта пред спиење, бидејќи се состои од броење на сопствениот здив, а помага да оставите многу малку простор за стресни мисли.
„Валцер за дишење“ – кратка и лесна медитација за подобар сон се изведува на следниов начин:
За почеток, вдишете броејќи до 3, па задржете го здивот броејќи до 3, а потоа издишете броејќи до 3. Направете пауза. Повторете ја вежбата.
Можете да продолжите да ја користите оваа медитација за дишење кога сакате, не само за време на спиењето.
Обидете се да броите рамномерно и повторете неколку кругови за да најдете најдобар начин за вас. Обидете се да не дишете премногу длабоко или плитко – најдете добра средина за да ви биде пријатна шемата на дишење.