МНОГУМИНА ОД НАС, А ОСОБЕНО МЛАДИТЕ, НЕ ОДАТ ВО ТОАЛЕТ БЕЗ МОБИЛЕН Зошто никогаш не треба да го правиме тоа?
Студијата спроведена пред неколку години на смартфоните на средношколците ja истакна присустноста на E. Coli и други штетни бактерии на површината на уредите, додека друго истражување спроведено во Велика Британија покажа дека екранот на паметниот телефон обично е понечист од даската на клозетската шолја.
Кога одевме порано во тоалет, друштво ни правеа списанијата кои ги разгледувавме во миговите поминати во приватноста на бањата, но сега доволно е да имате мобилен телефон при рака.
Дали сте навикнати да го поминувате времето седејќи во тоалетот гледајќи видеа или пак, најновата епизода од вашата омилена серија?
Сите го правиме тоа, а сепак, според експертите, држењето на телефонот во рака додека седите во тоалетот е длабоко погрешна навика. Тоа е затоа што бањата е едно од најбогатите места за бактерии.
Подовите, славините, тушот, кадата и површините на тоалетот содржат колонии на бактерии кои лесно можат да се преселат на нашиот паметен телефон преку нашите валкани раце и да не следат наоколу цврсто вгнездени во нашиот мобилен телефон.
Бактериите кои се размножуваат во бањата главно доаѓаат од нашиот измет и урина, но и од устата (кога ги четкаме забите) и можат да бидат носители на болести како салмонела, хепатитис, стрептокока.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.