МЛЕЧНИТЕ ЗАБИ НА НАШЕТО СОЗРЕВАЊЕ Маестрални раскази на Хана Корнети

За тешкотиите, стравовите, но и радувањата на генерациите луѓе пораснати во транзиција, пишува Хана Корнети, во својата дебитанска книга „Млечни заби“.

171

Луѓето кои беа млади во 90-тите години, беа осудени на процес на брзо созревање. Од една страна беа воспитувани во духот на минатото и најчесто без помошта на родителите беа приморани да се подготват за новото општестено уредување.

За тешкотиите, стравовите, но и радувањата на генерациите луѓе пораснати во транзиција, пишува Хана Корнети, во својата дебитанска книга „Млечни заби“. Во навидум неповрзаните раскази, македонската авторка се обидува да ги постави проблемите и искушенијата кои им се наметнуваат на младите луѓе, кои се вљубуваат, учат, патуваат, уживаат, мечтеат и се соочуваат со смртта, но тоа го прават различно од претходните генерации. Затоа и имаат проблем, бидејќи за нивното однесување сè уште не постојат општествени морални рамки или, пак самите тие го избегнуваат секое врамување на нивниот начин на живот.






Корнети на извонредно добар начин не враќа во времето на 90-тите и хронолошки прецизно ги води разните ликови низ времето, доспевајќи до периодот кога изолирани си го чувавме здравјето од пандемијата и кога невешто се обидувавме да го издржиме силниот ментален притисок предизвикан од изолацијата.

Во една прилика авторката изјави дека сака да пишува книги, кои и самата би ги читала. „Млечни заби“ е четиво за сегашните родители, претприемачи, политичари, кои пред 30 години созреваа во првите години од транзицијата.

Книгата е издадена од „Или-Или“ во 2021 година, како дел од едицијата „Проаза“.

Поврзани содржини