МЛАДИТЕ ВО ЕВРОПА СЀ ПОДОЛГО ОСТАНУВААТ ДА ЖИВЕАТ СО РОДИТЕЛИТЕ Кои се главните причини за задоцнетото осамостојување на новите генерации?
Новите генерации млади луѓе сѐ подоцна и подоцна стануваат независни и ова е тренд што зафаќа сè поголем дел од Европа
Многу млади Европејци денес се соочуваат со предизвикот да најдат сопствен станбен простор и финансиска независност, што доведе до тоа некои од нив да останат во заедница со своите родители подолго отколку што беше случај порано.
Овој феномен, позната на Запад како „продолжен престој со родителите“, станува сѐ почест во многу европски земји.
Младите во полоша економска состојба од претходните генерации
Една од главните причини за оваа промена е економската состојба. Високите цени на недвижностите, како и трошоците за живот, им отежнаа на младите да се одлучат да ја напуштат родителската куќа, како и да најдат свој имот или стан под кирија. Зголемувањето на невработеноста и несигурноста на пазарот на труд придонесуваат и младите да се одлучат да останат со родителите, за да ги намалат трошоците и да обезбедат финансиска стабилност, пишува Гардијан.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.