МИСТЕРИОЗНИОТ ТУРСКИ ГОТВАЧ ШТО ГО ДОПРЕ ТРОФЕЈОТ Меси му ја истргна раката, но во 2018 година му јадеше од рака (ВИДЕО)

Меѓутоа, испадна дека Меси и турскиот готвачот се знаеле од порано. Во видео кое од 2018 година во еден во рестораните на готвачот може да се види како во храната уживаат Меси и фудбалерот Пол Погба. Тие се сликаат со Салт Бае. Меси пробува да ја соли храната од горе како што тоа го прави турскиот готвач.

2,621

Светски познатиот турски готвач Нусрет Гокче или Солт Бае беше мистериозен гостин на мечот на Аргентина и Франција на Светското првенство. Спротивно на правилата на УЕФА овој човек влезе на теренот проба да му честита на Лионел Меси, а фудбалерот му ја истргна раката. Ова не го спречи Турчинот да се слика со трофејот на првенството, повторно кршејќи ги правилото кое вели дека трофејот може да го допираат само фудбалери кои порано го освоиле.






Додека светските медиуми пишуваат за тоа која е врската меѓу Меси и турскиот готвач, познатиот фудбалер Џузепе Роси(35) го одбрани Меси на Твитер.

„Солт Бае може да ми го бакне задникот. Го сакаше сето тоа внимание, да го допре трофејот. Кој си бе ти? Твоите две минути слава истекоа. Идеме, следниот!“, напиша Џузепе Роси на својот Твитер профил.

Салт Бае или Солениот Бае бил наречен така поради начинот на којшто го солел месото при готвење. Тој не само што го повлече Меси за ракав, туку им го открадна трофејот на Кристијан Ромеро и на Лисандро Мартинез за потоа да се слика со нив.

Меѓутоа, испадна дека Меси и турскиот готвачот се знаеле од порано. Во видео кое од 2018 година во еден во рестораните на готвачот може да се види како во храната уживаат Меси и фудбалерот Пол Погба. Тие се сликаат со Салт Бае. Меси пробува да ја соли храната од горе како што тоа го прави турскиот готвач.

Изненадувањето доаѓа кога Меси изедува парче месо директно од ножот на Салт Бае кој му ги принесува до устата.

Тогаш зошто Меси го игнорираше својот познаник на првенството?

Поврзани содржини