МИСТЕРИЈАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА АНА ВОЛШ ПРОДОЛЖУВА Пронајден крвав нож во нејзиниот подрум, сопругот купил средства за чистење?! (ВИДЕО)

Брајан Волш е уапсен за попречување на истрагата. Засега сите траги водат кон имотот на Ана во Кохасетс, Масачусетс.

1,052

Во подрумот на куќата на исчезнатата Ана Волш биле пронајдени крв и крвав нож, откако полицијата се вратила во нејзината куќа во Кохасет, Масачусетс, со цел да собере нови докази.

Ана Вoлш (39), мајка на три деца, која порасна во Белград, исчезна пред десет дена.






Полицијата објави дека нејзиниот сопруг Брајан, сега обвинет за попречување на истрагата, купил средства за чистење во вредност од 450 долари, само еден ден откако Ана исчезнала. Купил и најлони, кофа и селотејп.

Судијата нареди Брајан Волш да биде задржан со кауција од 500.000 долари.

На сослушувањето Брајан Волш изјавил дека не ја напуштил куќата, туку купил опрема за сликање на 2 јануари.

Ана Волш последен пат била видена во нејзиниот дом во Кохасет на 1 јануари, нешто по полноќ, а по нејзиното исчезнување полицијата апелирала до јавноста за помош.

„Добивме неколку совети од нејзиниот работодавец во Вашингтон, како и од нејзиниот сопруг кој живее во Кохасет“, изјави началникот на полицијата во Кохасет.

Членовите на семејството ѝ кажале на полицијата дека Ана требало да вози до аеродромот Логан во неделата рано наутро, за да полета за Вашингтон, каде што има дом и работи во агенција за недвижности.

Таа, сепак, не стсала до аеродромот, а полицијата нема ниту потврда дека влегла во возилото со кое требало да оди до Логан.

Волш имала билет за 3 јануари за Вашингтон, но била повикана да дојде порано поради итен случај.

Соопштено е дека нејзиниот телефон бил лоциран во нејзиниот дом на 2 јануари.

(Извор: blic.rs)

МИСТЕРИОЗНОТО ИСЧЕЗНУВАЊЕ ЗАПЛЕТ ВО СЕМЕЈНА ДРАМА Уапсен сопругот на Ана Волш

Поврзани содржини