МИСЛЕВ ДЕКА РОДИТЕЛИ МИ СЕ СЕСТРИТЕ И ДОКТОРИТЕ Жената која црта со уста и пишува поезија е инспирација за другите

Од бебе до 9 години живеела во болничка соба во Белград со уште 15 деца со телесен инвалидитет. На 3 години првпат дошла дома, во Скопје и се плашела од своите родители бидејќи не ги познавала, на 7 години почнала да црта со уста. Почнала да верува во Господ благодарение на Американец од Евангелската црква, а благодарение на црквата го запознала и покојниот Борис Трајковски. Имала повеќе изложби и член е на светското здружение на уметници кои цртаат со уста и со нозе.

707

Со Роза Мојсовска се запознавме неодамна, на предновогодишниот базар во хотел „Мериот“. Тогаш дознав и дека сме приближно иста генерација иако кога ја слушнав нејзината приказна ми звучеше како да ми раскажува некоја од приказните на дедо ми за животот пред и после Втората светска војна. Особено кога ја слушнав приказната за тоа како почнувајќи од шест месеци поминала цели 9 години од животот во болничка соба во костозглобната болница во Бањица, во Белград, а по враќањето во родното Скопје, не ја примиле во училиште зашто немало кој да ѝ ги вади книгите и да ѝ ги врти страниците.

Првата работа која ја прашав оваа самоука уметница која црта со уста и пишува поезија на специјална тастатура, исто така со уста, е дали самата се шминка.






Се разбира, ако може да црта со уста, зошто не би можела и да се нашминка. Верувајте, јас со двете раце не можам и не знам да се нашминкам себеси како што може Роза со устата.

Нашата нова познаничка се родила на 4 септември 1966. година, со телесен хендикеп.

Прочитајте го целиот текст на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини