📽 МИХАЕЛ ШУМАХЕР СИ ГИ ПРОДАДЕ ЧАСОВНИЦИТЕ ЗА 4,1 МИЛИОН ЕВРА Најскап бил неговиот „Патек Филип“ од розово злато
Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година.
Вкупно 8 часовници кои ѝ припаѓаа на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за речиси 4 милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи’с“.
– Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка – истакна специјалистот за часовници на аукциската куќа, Реми Гилемин.
Примерок од „Ф.П. Журн вагабондејџ“, спомен за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.
Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста.
Но, највисоката цена, од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато.