МИЦОТАКИС НЕ ДОБИ НИТУ „С“ ОД СКУЛПТУРИТЕ ОД ПАРТЕНОН Сунак ја откажал средбата, Британија не е расположена да го врати украденото

Всушност, од политичките фактори во Британија поддршка на Мицотакис за ова прашање засега му даваат само Лабуристите, чиј шеф Кир Стармер претходно се сретна со Мицотакис. Мицотакис изјави дека е длабоко разочаран од наглото откажување на средбата со премиерот Сунак.

849

Нема расположение во Велика Британија за земјата да ги врати скулптурите кои Британците во 19 век ги отклесале од фасадата на древниот грчки Партенон на ридот Акропол во Атина. Британскиот премиер Риши Сунак ја откажа средбата со својот грчки колега Киријакос Мицотакис во последен момент, јавува Би-Би-Си.

Мицотакис изјави дека е длабоко разочаран од наглото откажување на средбата. Плусинфо претходно пренесе дека неделава Мицотакис изјавил дека тоа што некои од мермерните скулптури се во Велика Британија „е исто како да ја преполовите сликата Мона Лиза“ и дека тие треба да бидат вратени во музејот на Акропол кој Грција специјално го изгради пред неколку години.






Каква ќе биде судбината на скулптурите на Партенон? Мицотакис и Сунак требало да ручаат во вторник и да зборуваат 45 минути, дознава Би-Би-Си. Наместо тоа на Мицотакис му била понудена средба со вицепремиерот Оливер Дауден, а а Мицотакис одбил и ќе се врати со лет во Грција. Работата станува неизвесна.

Неименувани извори велат дека Мицотакис бил „збунет“ и „изнервиран“ поради откажаната средба. Гардијан претходно пишуваше дека Мицотакис пред средбата рекол дека ќе има трпение бидејќи Грција за оваа работа чекала стотици години.

Но, конзервативците од партијата на премиерот Сунак не се согласуваат со ова враќање на скулптурите стари 2.500 години. Еден неименуван извор од партијата изјави:

– Стана невозможно овој состанок да се одржи по коментарот во врска со Елгинските мермери пред него. Нашиот став е јасен – Елгинските мермери се дел од постојаната колекција на Британскиот музеј и припаѓаат овде.

Несовесно е кој било британски политичар да сугерира дека тоа е предмет на преговори – изјавил извор од конзервативците во Британија.

Всушност, од политичките фактори во Британија поддршка на Мицотакис за ова прашање засега му даваат само Лабуристите, чиј шеф Кир Стармер претходно се сретна со Мицотакис. Портпаролот на Лабуристите за медиумите го коментирал тоа што премиерот Сунак не сакал да има средба:

– Ако премиерот не може да се сретне со европски сојузник со кој Британија има важни економски врски, ова е уште еден доказ дека тој не е во состојба да обезбеди сериозно економско лидерство на нашата земја.

Мицотакис рекол дека Грција останува на своите позиции:

– Нашите позиции за скулптурите на Партенон се добро познати. Очекував да се вклучам во дискусија со мојот британски колега за ова прашање, како и да се осврнам на значајните глобални предизвици како што се ситуациите во Газа и Украина, климатската криза и миграцијата.

Зошто ги викаат овие скулптури Елгински мермери? По Лордот Елгин кој влегувајќи во Атина во 1816 година им наредил на војниците да ги отклесаат од горниот триаголен дел на храмот познат како тимпанон, односно атика. Скулптурите се дело на познатиот антички мајстор Фидија, а според некои првите две букви од неговото име се поврзуваат со името на бројот Фи кој го означува златниот пресек во математиката и во уметноста.

Во 1832 година била формирана грчката држава како монархија по претходните двегодишни борби со Османлиите во кои асистирале Велика Британија, кралска Франција и Руската Империја.

МИЦОТАКИС ГИ БАРА НАЗАД СКУЛПТУРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ МУЗЕЈ, НО… „Чекавме стотици години, ќе истраеме во преговорите“

 

 

 

Поврзани содржини