МИ ТЕКНАЛО ПО ПАТ ДА СИ ЗГОТВАМ НЕШТО… Македонска зелена бизнис идеја за пренослив шпорет за готвење во природа

Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновативна идеја што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Наградениот Трајче Рушев од MobiStove вели дека неговиот пренослив шпорет е наменет за сите љубители на природата, од планинари и кампери, до велосипедисти и организатори на музички фестивали на отворено…

1,009

Пренослив шпорет за готвење во природа е иновацијата на Трајче Рушев кој ѝ донесе на Македонија награда од регионалниот натпревар на „Зелени идеи“ кој се одржува веќе 13 години и поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција.

„Ова е прв пат, мојата иновација Mobi Stove да се презентира регионално.






Се радувам што жирито ја препозна иновацијата и потенцијалот за комерцијализација и бизнис модел. Истовремено, ме радува и што сите присутни пројавија интерес за цена, нарачка и начин на достава.

Mobi Stove е шпорет со иновативен систем и дизајн, наменет за безбедно, лесно и ефикасно готвење во природа, користејќи минимална енергија достапна во природата како отпадна биомаса (суви гранчиња, шишарки, пелети, итн.), а притоа поради доброто и регулирано согорување да не испушта загадувачки гасови…

Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.

Поврзани содржини