МИ ГО ЗЕДОВТЕ ЗДРАВЈЕТО, СЛЕПИ И ГЛУВИ СЕ ПРАВЕВТЕ! Професорот Атанас Илиев огорчен и после 13 години од грабнувањето на неговата ќерка
Иако од грабнувањето на неговата ќерка поминале цели 13 години, болката на овој татко не се намалува, туку напротив, истата си земала данок и кога станува збор за неговото здравје. И тој не е единствениот кој се нашол во ваква ситуација после разводот.
Струмичанецот Атанас Илиев, инаку, универзитетски професор на ФЕИТ и годинава како и многу години претходно, потсетува на неправдата која му е нанесена кога пред 13 години неговата сопруга ја носи нивната ќерка Лилка во Србија и никогаш повеќе не ја враќа назад.
„09.01.2011 – 09.01.2024! 13 години од грабнувањето на Лилка. 13 години борба за правда! Секој збор е излишен, здравјето ми го зедовте, слепи и глуви се правевте ….Пишував и говорев многу. Сега, во знак на протест ќе молчам за сите да чуете и да разберете: Во државата каде сѐ е на продажба, каде владее мито и корупција, продадоа и дете…“, пишува професорот Илиев на својот Фејсбук профил.
„Мојата Лилка е грабната и однесена во Шабац, Србија во 2011. година со изговор дека оди да ги посети своите роднини. Оваа т.н. посета се претвори во грабнување на детето, проследено со понижувачки недостојно мал контакт со моето девојче. Последен пат ја слушнав во август 2017-та година за нејзиниот роденден, со коментар на мајката: „Ах тој проклет вибер!“, а последната порака ја разменивме во ноември 2017-та, кога Лилка побара информации за нејзиното семејно стебло во Македонија“, ни раскажа професорот пред неколку години, на собирот кој беше организиран во Скопје по повод светскиот ден за борба против родителското оттуѓување поради кое страдаат многу родители и деца.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.