МЕТЕОПАТ ИЛИ ХИПОХОНДРИК? Како да си помогнете ако нешто ве боли на секоја промена на времето?
Дали ве боли глава кога времето одеднаш се менува? Дали станувате лошо расположени, меланхолични и раздразливи кога е облачно? Ако со следење на вашата состојба сте утврдиле дека сте метереопат и дека редовно имате висок крвен притисок во такви ситуации, тогаш можете да имате корист од лук, кромид, сок од домати, а можат да ви помогнат и некои други природни лекови
Иако официјалната медицина сè уште не ги вклучува временските услови и промени во факторите на ризик по здравјето, метеопатите се сè почести. Впрочем, знаете ли некој кој барем еднаш не рекол дека е метеопат?
Во последно време многу се зборува за времето, особено откако почнаа промените во смисла на пролетни температури во текот на зимата или зимски во текот на пролетта. Влијанието на временските услови врз човечкиот организам не е новост, но дали метеопатијата е навистина болест или обична измислица? Мислењата се поделени, но за оние кои имаат здравствени проблеми секогаш кога ќе се смени времето, тоа не е утеха.
Дали ве боли глава кога времето одеднаш се менува? Дали станувате лошо расположени, меланхолични и раздразливи кога е облачно?
Можеби мислите дека ова е само случајност и ретка манифестација, а можеби и вие сте всушност вистински метеопат.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.