МЕСТОТО КАДЕ ШТО СЕ РАЃААТ ЅВЕЗДИТЕ Објавени фасцинантни вселенски фотографии од телескопот „Џејмс Веб“

Телескопот „Џејмс Веб“ беше лансиран во 2021 година и почна да собира податоци минатата година.

359

Надреална убавина се гледа на фасцинантните фотографии од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ што ги објави Американската вселенска агенција НАСА одбележувајќи една година откако агенцијата ги претстави првите резултати на телескопот. На фотографиите е прикажан меѓуѕвездениот облак комплекс Rho Ophiuchi, најблискиот регион за формирање ѕвезди до Земјата.

фото: принтскрин





Телескопот „Џејмс Веб“, кој беше лансиран во 2021 година и почна да собира податоци минатата година, го преобликува човечкото разбирање за раниот универзум, притоа произведувајќи неверојатни слики од космосот.

Сликата од Rho Ophiuchi е најдобриот таков пример, покажувајќи ја маглината, огромен облак од меѓуѕвезден гас и прашина каде што се формираат нови ѕвезди, во нашата галаксија Млечен Пат, на околу 390 светлосни години од Земјата.

Светлосна година е растојанието што светлината го минува за една година, што е 9,5 милијарди километри.

Поврзани содржини