🎥 МЕКСИКАНСКА ПОЛИЦАЈКА СПАСИ ГЛАДНО БЕБЕ Ја извади опремата и го надои детето

Полицајката Аризбет Дионисио Амбросио (33) која е мајка на две деца, ги пронашла мајката и четиримесечното бебе за време на спасувачка мисија по ураганот што го погоди Мексико.

376

Полицајката Аризбет Дионисио Амбросио (33) од Мексико стана хероина на денот откако спаси четиримесечно бебе кои два дена не јадело ништи, го подојува и го смирува.  Амбросио ги пронашла мајката и четиримесечното бебе за време на спасувачка мисија по ураганот што го погоди Мексико.
Полицајката го слушнала плачот на бебето од далечина. Тој плач се повторил, па тргнала во потрага по детето. Ги пронашла мајката и бебето на само четири месеци кои два дена не јаделе ништо.
Амбросио, која и самата е мајка на две деца, ја извадила заштитната опрема и почнала да го дои бебето. Бебето веднаш престанало да плаче.

-Тоа е добро чувство. Тоа е дете, и ако постои една работа што не повредува како мајки, тоа е да видиме дете во вакви околности – изјави Амбросио.
Мексиканските спасувачки служби објавија фотографии и видеа од полицајка со бебе.






Поврзани содржини