МЕКИ КАКО ДУША Највкусните кифли на баба Анче
Кифлите се по рецептот на баба Анче Клокановски од Детроит, а она по што се различни од сите други е тоа што во нив оди и сок од портокал
Нашата читателка Аница Клокановски која живее во Америка, а на својот јутјуб канал објавува голем број од рецептите кои ги подготвува самата, а се дел од македонската традиција, ни испрати интересен рецепт за кифли и погача за кои вели дека се меки како душа и омилени на нејзините внуци, на семејството и пријателите.
Она по што се тие посебни е сокот од портокал.
Од истото тесто може да се направи и погача, а рецептот ќе го најдете на порталот „Арт кујна“.