МЕДВЕДЕВ МУ ВОЗВРАТИ НА КИСИНЏЕР „И во НАТО Киев нема да запре, а Русија жестоко ќе одговори“
Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор, нагласи Медведев.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев му одговори на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за изјавата дека НАТО треба да ја прими Украина бидејќи таа станува најдобро вооружената земја во Европа.
„Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства“, напиша на Телеграм Медведев, кој сега ја носи функцијата потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација.
„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“.
Ќе одговориме со сите сили е оп, еве ти го членот 5 на НАТО!
Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана.
„Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој.
Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.
А што точно изјави Кисинџер во своето интервју за „Економист“?
– Она што Европејците го зборуваат сега е неверојатно опасно. Тие велат дека не ги сакаат Украинците во НАТО бидејќи се премногу ризични, но дека добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа – смета познатиот интелектуалец.
САД и Кина се закана за светот, не Русија
Според Кисинеџер, САД и Кина се главни закани за човештвото, а не Русија.
– Во случај да се сретнат лидерите на САД и Кина, се надевам дека наместо да ги наведе сите поплаки што ги знаат, американскиот претседател ќе рече: „Господине претседателе на Кина, двете главни закани за светот сега се двете од нас“. И тоа во смисла дека имаме можност да го уништиме човештвото. Мислам дека треба да се договориме и да се обидеме да избегнеме таква ситуација – подвлече тој во интервјуто.
Според него, сегашната состојба на односите меѓу САД и Кина е многу опасна и потсетува на ситуацијата пред Првата светска војна, кога „ниту една страна нема значителни можности да направи политички отстапки, а секое нарушување на рамнотежата може да има катастрофални последици“.
Путин е како лик од роман на Достоевски
Кисинџер смета дека претседателот на Русија, Владимир Путин, треба да се гледа како херој на делото на Фјодор Достоевски.
– На Путин треба да се гледа како на лик од делото на Достоевски, со сите противречности и сомнежи за сопствениот народ – потенцираше Кисинџер.
Според него, Русија како целина е „врзана за Европа“.
– Голем дел од богатата историја на Европа е поврзана со Русија – објаснува тој.
– Во исто време, заканата од Европа беше секогаш присутна во Русија. Истовремено, регионите имаат единствени културни односи. Од една страна, Москва сака да се приклучи на европската култура, но од друга страна, се гледа себеси како третиот Рим кој може да ја одреди судбината на Европа.
Кисинџер ја истакна важноста од „враќање на Русија во Европа“.
– Ако Русија не е голема сила во Централна Азија, ќе биде отворена за граѓанска војна од сириски тип – прогнозира интелектуалецот.
Во исто време, Кисинџер инсистира на санкции против Русија поради конфликтот во Украина.