МЕДОТ СО СОСТАВ НА АНТИОКСИДАНТИ КАКО СПАНАЌОТ Дали знаете кој мед е најдобар за кашлица и настинка, а кој за инфекции?

Во минатото луѓето мислеле дека цветниот нектар се претвора во мед со посебна магија. Денес се знае дека има околу 300 видови мед, но и дека има сличен состав на антиоксиданти кои се здрави за срцето, како и спанаќот.

462

Медот е густ и сладок производ на пчелите кои го прават од нектарот од цвеќињата. Тој е еден од најценетите природни производи уште од дамнешно време и се користи не само како природен производ и засладувач, туку и во традиционалната медицина како помош за лекување на различни состојби, од ублажување на кашлица и болки во грлото до заздравување на рани.

Денес знаеме околу 300 различни видови мед.






Медот се состои од повеќе од 80% јаглени хидрати и нешто помалку од 20% вода. Студиите открија повеќе од 600 компоненти во медот кои имаат потенцијално корисен ефект врз здравјето на луѓето.

Што се однесува до составот на јаглехидратите, доминира фруктозата, а потоа глукозата, малтозата и другите шеќери.

Од витамините доминираат витамините Б и витаминот Ц, а од минералите калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум и други. Покрај тоа, тој е богат со биоактивни компоненти како што се флавоноиди и полифеноли.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини