МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН ВО СПЛИТ Жена родила 4 деца со посебни постелки
Во родилиштето на Клиничкиот болнички центар во Сплит 29-годишна жена родила 4 бебиња, секое во посебна постелка
Неверојатната приказна доаѓа од Клиничкиот болнички центар Сплит, каде утрово 29-годишна спличанка со царски рез родила четири бебиња, две девојчиња и две момчиња. Тие не се идентични или двојајчани близнаци, бидејќи секој фетус имал своја постелка, што е реткост која спаѓа во медицински феномени.
Жената зачнала по природен пат и последните два месеци ги поминала во болница заради зачувување на нејзината бременост. Се родиле три бебиња долги 40 сантиметри и тешки 1.500 грама, додека едно девојче е два сантиметри помало од браќата и сестрата, но со иста родилна тежина. Мајката и нејзиниот сопруг веќе имаат постара ќерка.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.