МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ШТО ТЕПАШЕ СТАРИЦА, СЕ ИЗВИНИ НА ФЕЈСБУК „Му се извинувам на семејството и на сите Албанци“
Освен медицинската сестра-монструм која на својот Фејсбук профил му се извини на семејството на старицата за својата одвратна постапка, истото го стори и нејзиниот татко кој побара од правосудните институции „да постапат согласно законот на Република Косово за кривичните дела кои ѝ се товарат“.
„Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијата ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за тој одвратен гест што го направив вчера. Сите прават грешки. Официјално му се извинувам на семејството и на сите Албанци“, објавила на својот Фејсбук профил медицинската сестра која безмилосно ја тепаше старицата сместена во дом за стари лица во Пеќ.
Видеото на кое се гледа како повозрасна жена е физички малтретирана и исмевана од медицинска сестра во домот, додека се слуша смеењето на другите две, беше објавено на социјалните мрежи и предизвика бура од реакции. Сите сме згрозени од постапката на трите млади жени кон старицата која има Алцхајмерова болест.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.