МЕЧКИТЕ НЕ СЕ БУДАЛИ! Мечкиниот лук го подобрува помнењето, штити од инфаркт, чисти од токсини
Крајот на март и април се месеци на мечкин лук, див лук или сремуш, кој го нарекуваат и „убиец на отрови“. Ретки се билките кои така добро го чистат дигестивниот систем и крвта како сремушот, поради што треба да се јаде што е можно почесто. Патем, го добил името како вистинско пролетно уживање за мечките кои се будат од зимскиот сон.
Велат дека ниту една друга билка на светот не е толку делотворна во чистењето на цревата, желудникот и крвта како дивиот лук.
Има голема лековита моќ и е омилена храна на мечките кога ќе се разбудат од зимскиот сон, па затоа е и позната и под името мечкин лук.
Ако периодов шетате некаде во природа, не би требало да згрешите, но сепак бидете внимателни затоа што има билки кои ѝ наликуваат, а се исклучително отровни. Ќе ја препознаете по интензивниот мирис на лук.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.