МЕ БОЛИ ГЛАВА, ДОБИВ! Како се поврзани мигрената, менструацијата и менопаузата?

Според истражувањето спроведено во Центарот за главоболка, Charité Universitätsmedizin Berlin, нивото на пептидот CGRP, се зголемува кога нивото на естроген во телото се намалува за време на менструалното крвавење. Причината за ослободување на таков пептид не е позната, но ова откритие објаснува зошто мигрените се почести за време на менструацијата и зошто зачестеноста на мигрените се намалува со менопаузата.

124

Новото истражување покажа дека нападите на мигрена кај жените за време на менструацијата може да бидат резултат на зголемени нивоа на пептидот CGRP, кој се зголемува како одговор на падот на нивото на естроген.

Научниците претходно ја поврзуваа промената на нивото на естроген со појавата на мигрена кај жените, но точниот механизам до сега не беше познат. Новото истражување покажа дека, исто како и нивото на хормоните, концентрацијата на пептидите поврзани со мигрена исто така се менува за време на менструалниот циклус.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини