МАЖИТЕ СЕ ПОЛОЈАЛНИ И ПОРЕДОВНИ КЛИЕНТИ ОД ЖЕНИТЕ Еден од најдобрите фризери во Скопје открива интересни детали од својата работа
Иако вели дека на жените почесто им се случува да го „изневерат“ својот фризер и да отидат кај друг, тоа не важи за оние кои дошле кај него по препорака на својот партнер. Тие, се смее нашиот соговорник Диме Лозаноски, дури и кога ќе раскинат со дечкото, мене не ме менуваат. Освен како најдобар шишач меѓу скопските фризери, Диме важи и за многу трпелив и кроток човек, па чести муштерии му се и децата, а особено оние со аутизам.
Диме Лозаноски е еден од оние луѓе кои си одбрале професија која е целосно во согласност со нивниот карактер и која им причинува големо задоволство и ги прави среќни дури и после повеќе од две децении.
Тој е фризер за жени и за мажи, а во изборот на својата професија бил толку одлучен што и покрај отпорот на неговите родители, уште додека одел во средно хемиско, почнал да го изучува и фризерскиот занает.
„Бев прилично упорен во своите одлуки и ги правев работите поинаку од моите врсници. На пример, уште на 18 години почнав да живеам сам, под кирија, која можев да си ја плаќам затоа што таму каде што учев занает, набрзо почнаа и да ми плаќаат. Пораснав во Ченто, но откако се одвоив од моите, па сѐ до денес сум во Карпош. Памтам дека кога учев во средното хемиско, кога одевме во лабораторијата, каде што имавме по 7-8 часа на ден, правевме со хемикалиите боја па ја испробувавме прво на ѕидовите, па во тетратка, на рака и на крај на косите. Имав среќа, затоа што често им ги средував косите на сите мои соученици, а 99 отсто беа девојчиња…
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.