МАЖИТЕ ИМААТ СÈ ПОМАЛКУ СПЕРМАТОЗОИДИ Изложеноста на инсектициди е најголем проблем за машката плодност

„Постоеше убедлива поврзаност помеѓу зголемената изложеност на инсектициди и намалената концентрација на сперма“, објаснува Мелиса Пери, епидемиолог и микробиолог на Универзитетот Џорџ Мејсон.

410

Изложеноста на инсектициди е поврзана со помала концентрација на сперма кај возрасни мажи ширум светот, е заклучок од новата анализа на 25 студии кои опфатиле период од речиси 50 години. Тим истражувачи од Италија и САД тврдат дека тоа е најтемелната анализа на оваа тема досега.

„Разбирањето како инсектицидите влијаат на концентрацијата на спермата кај луѓето е клучно со оглед на нивната распространетост во околината и документираните опасности за половото здравје“, вели Лорен Елис, научник од Универзитетот Нортвестерн.
Тој забележува дека луѓето се првенствено изложени на инсектициди кога консумираат контаминирана храна и вода.






Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини