МАСOВЕН ЗЕМЈОДЕЛСКИ БУНТ ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА Тракторите и камионите на улица, супермаркетите без храна, полицијата во акција (ВИДЕО)

Сѐ започна во понеделникот во Холандија, земјата која стана рекордер по испуштање на овие азотни оксиди. Првото намалување кое сакаат да го извршат холандските власти е 30 отсто. Холанѓаните веднаш со своите трактори излегоа на улица за да го блокираат синџирот супермаркети „Бони“ во местото Нијкерк, каде снема храна. Полицијата дури и пукаше на нив. Сега протести има и во Полска, Германија и во Италија.

625

Земјоделците во Европа се креваат на бунт и насилни блокади на автопатиштата и супермаркетите кои се на добар пат да се прошират на целиот континент. Тие се противат на новите правила со кои ЕУ сака до 2030 година да го намали азотот и амонијакот кои се произведуваат на фармите и до 70 отсто, односно да го намали бројот на добитокот. Кравите, свињите и останатата стока испуштаaт материи. Но, без нив ќе пропаднат семејните бизниси.

– Ние не сме робови, ние сме земјоделци! – извикуваат луѓето во Холандија, Италија и Полска.






Години наназад европските фармери се соочуваат со проблеми, ниски откупни цени во супермаркетите, а скапо ѓубриво. Во 2019 и 2020 година Берлин беше средиште на протест на илјадници луѓе. А сега пак.

Сѐ започна во понеделникот во Холандија, земјата која стана рекордер по испуштање на овие азотни оксиди. Првото намалување кое сакаат да го извршат холандските власти е 30 отсто. Холанѓаните веднаш со своите трактори излегоа на улица за да го блокираат синџирот супермаркети „Бони“ во местото Нијкерк, каде снема храна.

Полицијата дури и пукаше на нив, пишува Политико. Според полицијата на Фриланд, нивните истрели погодиле трактор, но нема повредени. Уапсени се тројца осомничени. Внатрешен истражител на холандската влада, рече дека ќе ги разгледа настаните со оглед на тоа што полицијата го пуштила нивното оружје.

Пратеничката Каролин ван дер Плас повика на „итна дебата“ со холандскиот премиер Марк Руте и министерот за правда и безбедност, Дилан Јешилгоз-Зегериус, за ескалацијата на протестите.

Во среда наутро се очекува тие да демонстрираат на аеродромот во Гронинген Елде, јавуваат холандските медиуми.

Не гори само Холандија од протести, Италија и Полска се на нозе. Додека снимки од италијанските земјоделци се шират на социјалните мрежи, добро е да се знае дека ваквите протести траат подолго време со разни жаришта во Унијата.

 

На 24 февруари, денот кога започна војната во Украина, илјадници фармери со над 200 трактори влегоа во главниот град на Полска за да бараат „Пристојна плата за напорната работа“. Така гласеше нивниот слоган. Тие се бунат за огромните поскапувања на ѓубривото. Полициски кордон не им дозволи на тракторите да стигнат до самиот центар на Варшава.

Некои од паролите видливи на митингот во средата вклучуваа „Високи цени на ѓубривата = скап леб“ и „ПиС го убива полскиот земјоделец и ги поддржува Кинезите“. Организаторите тврдеа дека илјадници присуствувале на настанот, иако дневниот весник Gazeta Wyborcza ја објави бројката на „над илјада“.

 

Настанот е кулминација на десетици протести и состаноци во последните недели под слоганот „Нема да умреме тивко“. Земјоделците тврдат дека супермаркетите не нудат фер цени за нивните производи, особено со оглед на зголемените трошоци за гориво и ѓубрива.

Полската влада се обиде да одговори на некои од овие проблеми со намалување на ДДВ за ѓубрива на нула и намалување на акцизата на горивото за првата половина од годината.

 Други поплаки покренати од страна на фармерите вклучуваат имплементација на владата на климатските политики на Европската унија, како и нејзиното справување со африканската свинска чума, која постојано се појавува во Полска во последниве години.

 

Истиот ден, земјоделците во Италија заедно со камионџии протестирале против згоелмувањто на цените на говирот и другите индустриски производи. Тие го попречувале сообраќајот во Сицијлија, Пуља, Реџо Калабрија, Неапол и Равена. Меѓу нив имало и рибари и сточари.

 

Протестите на земјоделците од ЕУ личат многу на камионџиите во Канада кои протестираа против претседателот Трудо во време на ковид-кризата. Нивните протести се на раб да станат насилни и радикални.

Ќе го чујат ли во Брисел нивниот глас? Ако ништо друго, ќе служат за пример за тоа дека Европа уште е будна и знае да протестира.

Поврзани содржини